Корисничко име Лозинка Пријави се
11.1.2016

Борнмут со Афобе го урна клупскиот рекорд?

Досегашниот фудбалер на второлигашкиот клуб Вулверхемптон, Беник Афобе, потпиша договор на четири и пол години со тимот од Премиер лигата, Борнмут.

Борнмут не ги соопшти финансиските детали околу договорот, а британските медиуми шпекулираат дека трансферот на 22-годишниот напаѓач е во вредност од 10 милиони фунти.
Доколку оваа информација се воспостави дека е точна, тоа ќе биде трансфер рекорд на тимот од англиската Премиер лига, кој никогаш до сега нема донесено играч за толкава сума.
Афобе ги помина лекарските прегледи и го потпиша договорот, а би можел да биде во тимот на Борнмут уште на утрешниот натпревар против Вест хем.
Англичанецот минатиот јануари од Арсенал помина во Вулверхемптон и за овој клуб од втората лига одигра 48 натпревари и постигна 23 голови.
Тој е второто засилување на Борнмут во јануарскиот преоден рок, по доаѓањето на напаѓачот Хуан Итурбе како позајмен играч од Рома.

Најнови вести