03.2.2012 Тотенхем се засили со Нелсен
Рајан Нелсен, триесет и четиригодишниот репрезентативец на Нов Зеланд, кој го раскина договорот со Блекбурн и во овој зимски преоден рок беше слободен играч, потпиша за Тотенхем.
Нелсен забележа 150 настапи за Блекбурн, а беше и
капитен на тимот, како и на својата репрезентација, со која настапи на
Светското првенство во 2010 година во Јужноафриканската Република, а во
редовите на Тотенхем доаѓа во вистински период кога тимот има многу повредени
фудбалери, а и откако Себастијан Басонг замина на заем во Вулверхемптон.
Тотенхем е трет на табелата и во моментот има
одлична централна дефанзивна линија, во која освен Нелсен, тука се: Јунес
Кабул, Ледли Кинг, Мајкл Досон и Вилијам Гала.