Корисничко име Лозинка Пријави се
13.1.2012

Јаскелаинен неизвесен за мечот со Манчестер јунајтед

Јуси Јаскелаинен е неизвесен за гостувањето на својот Болтон утре на натпреварот од Премиер лигата против Манчестер јунајтед поради проблеми со истегнат мускул на ногата.

Тој се повреди на мечот против Вулверхемптон во новогодишното коло и беше принуден да ги пропушти дуелите со Евертон и со Маклсфилд од ФА купот.
Се очекува Адам Богдан да биде повлечен од заемот во Кру и да го замени на голот триесет и шестгодишниот Финец, бидејќи тренерот Овен Којл не верува дека тој ќе биде подготвен за гостувањето на „Олд Трафорд“.
„Јуси се наоѓа на рехабилитациона програма поради повредата и јас сè уште не сакам да ризикувам поради страв да не биде обновена“, изјави Којл.

Најнови вести