Корисничко име Лозинка Пријави се
18.4.2012

Крај на сезоната за Хенеси

Сезоната за Вејн Хенеси, првиот голман на Вулверхемптон и на репрезентацијата на Велс, е завршена.

Како што пренесуваат медиумите во Англија, чуварот на мрежата на „волците“ се здобил со повреда на вкрстените лигаменти на коленото и ќе биде надвор од терените наредните три до четири месеци.
Велшанецот се повреди на натпреварот од 34-тото коло во Премиер лигата, во кој Вулверхемптон одигра нерешено без голови против екипата на Сандерленд, во меч во кој бодовите му беа многу потребни.
Дваесет и петгодишниот голман досега ги одигра сите натпревари од сезоната за својот тим, кој во моментов се наоѓа на последното место на првенствената табела, со осум бодови зад првиот тим кој е надвор од опасната зона, и на четири кола до крајот сè поизвесно е дека овој тим наредната сезона ќе го гледаме во Шампионат лигата.

Најнови вести