Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2012

Басонг стана „волк“

Себастијан Басонг, поранешниот дефанзивен играч на Њуксал, без проблеми се реши да ја смени средината која се бори за титулата, за средина која се бори за опстанок, па така, од редовите на Тотенхем премина во Вулверхемптон, само поради можноста да има првотимски статус.

Тој кај „волците“ ќе игра до крајот на сезоната како фудбалер на заем, а тие, пак, ќе имаат можност да го откупат неговиот договор, нормално доколку задоволи.

„Долго време разговаравме со претседателот на Тотенхем за тоа како стојат работите и кои се моите желби и на крајот дојдовме до заедничко решение дека заем до крајот на сезоната би било добра идеја, а тоа мислам дека е одличен потег за мене“, изјави Басонг.

„Секако, тука предизвикот е сосема различен, со мојот нов тим главна цел е да се обезбеди опстанок и јас ќе се обидам да дадам сè од себе да успееме во тоа“, додаде Французинот.

Шанса за деби ќе има овој викенд, кога Вулверхемптон гостува кај Квинс парк ренџерс.

Најнови вести