04.2.2012 Џерард и Суарес се враќаат против Тотенхем
Кени Далглиш, менаџерот на Ливерпул, е задоволен што пред натпреварот со Тотенхем во составот се враќаат капитенот Стивен Џерард и напаѓачот Луис Суарес.
Враќањето на овие двајца
фудбалери доаѓа во вистинско време, кога тимот се наоѓа во позитивна серија, која
во кратко време ја оствари и ја врати вербата на навивачите. Во Лига купот го
исфрли лидерот Манчестер сити, а тоа го повтори и во ФА купот со Манчестер
јунајтед, а и во првенството како гостин славеше против Вулверхемптон.
„Стивен ќе биде подготвен
за понеделник и сега сме во многу добра здравствена состојба. Во овој момент се
наоѓам на слатки маки кого да ставам во составот. Луис одлично ги одработи
тренинзите и многу е среќен што ја заврши суспензијата“, рече Далглиш