Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2013

Вулверхемптон го отпушти тренерот

Англискиот фудбалски клуб Вулверхемптон го отпушти тренерот Дин Саундерс поради лошите резултати и испаѓањето во Лига 1 – третата англиска лига.

Вулверхемптон натпреварувањето во Шампионат лигата го заврши на претпоследното, 23-то место и следната сезона ќе се натпреварува во третата лига. Клубот втора година по ред не успеа да го сочува лигашкиот статус, откако минатата година испадна од Премиер лигата.
Саундерс во јануари го презеде тимот, но не успеа да го спречи испаѓањето во понизок ранг, а екипата во 20 натпревари забележа по пет победи и ремија и десет порази.
Управата на клубот ќе бара нов тренер, откако во февруари 2012 година е отпуштен Мик Мекарти. По него екипата ја предводеа Тери Конор и Столе Солбакен.
„Го известивме тренерот Дин Саундерс дека договорот е раскинат. Таква одлука донесовме бидејќи клубот испадна во третата лига. Исто така, клубот ќе го напушти и помошниот тренер Брајан Кери“, се наведува во соопштението на Вулверхемптон.

Најнови вести