Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2012

Дајер подготвен за Вулверхемптон

Нејтан Дајер, крилниот напаѓач на Свонси, потврди дека ќе биде подготвен за натпреварот овој викенд против веќе второлигашот Вулверхемптон.

Тој заработи ситна повреда на минатонеделниот натпревар, во кој беше принуден да го напушти теренот само по дваесет и девет минути минати на теренот, но бргу закрепна од неа.

„Навистина немав среќа на тој меч, уште на загревањето почувствував болки. Неколку минути по почетокот на натпреварот веќе не можев ниту да трчам, но сепак се потрудив да дадам сè од себе додека сум на теренот. Сега се чувствувам многу подобро, целата таа болка ја нема и сум подготвен овој викенд уште од првата минута да настапам за својот тим “, изјави Дајер.

Добра вест за менаџерот Марк Хјуз е дека и одбранбениот играч Стивен Каулкер ќе биде сто отсто фит по закрепнувањето од грипот, кој го оддалечи од минатиот меч.

Најнови вести