Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2017

Карвалјал нов менаџер на фенерџијата во Премиер лигата Свонси

Португалецот Карлос Карвалјал е именуван за нов менаџер на Свонси до крајот на сезоната, објави велшкиот клуб.

Последнопласираниот клуб во Премиер лигата минатата недела го отпушти Пол Клемент по низата лоши резултати и само една победа во 11 натпревари, а потоа го постави Карвалјал, кој минатиот викенд беше сменет во второлигашот Шефилд вензди поради поразот од Мидлсборо.
Претходно ги водеше: турските тимови Башакшехир и Бешикташ, грчкиот Астерас, како и во татковината Спортинг Лисабон, Сетубал, Брага, Беира Мар, Авес, Белененсеш, Маритимо и неколку нисколигаши.
Португалскиот менаџер деби на клупата на Свонси ќе има во сабота, на гостувањето кај Ватфорд.

Најнови вести