Корисничко име Лозинка Пријави се
18.1.2017

Свонси ги доведе Керол и Олсон

Том Керол, досегашниот фудбалер на Тотенхем, како и Мартин Олсон, дефанзивниот играч на Норвич, се нови играчи на велшкиот Свонси, соопшти англискиот премиерлигаш.

Керол, кој пред две сезони веќе настапуваше за Свонси, не успеа да се избори за место во екипата на Маурисио Покетино, но со „лебедите“ потпиша тригодишен договор, додека Олсон потпиша двегодишен.
Свонси не го соопшти износот на трансферите, но медиумите наведуваат дека за 28-годишниот Олсон е одвоено 5,8 милиони евра, а за Керол 4,6 милиони.
Тие се второ и трето засилување на Свонси во зимскиот преоден рок, откако претходно оваа година Лусијано Нарсинг стигна од ПСВ Ајндховен.
Свонси оваа зима го промени стручниот штаб, па нов тренер на екипата е Пол Клемент, а нему ќе му помага некогашниот француски фудбалер Клод Макелеле.
Свонси е последен, 20-ти на табелата на Премиер лигата со 15 бодови, еден помалку од првата екипа во сигурната зона.

 

Најнови вести