Корисничко име Лозинка Пријави се
12.1.2017

Макелеле нов член на стручниот штаб на Свонси

Некогашниот француски играч за врска Клод Макелеле му се придружи на Пол Клемент во стручниот штаб на премиерлигашот Свонси.

Тие веќе соработуваа во Челзи и во ПСЖ, додека Макелеле играше во тие клубови, а Клемент беше помошен тренер.
Свонси е претпоследен на табелата на Премиер лигата со еден бод помалку од Кристал палас, кој се наоѓа на местото кое гарантира опстанок.
Макелеле првото тренерско искуство го имаше во француската Бастија, која ја водеше помалку од шест месеци како прв тренер во текот на 2014 година, а беше отпуштен бидејќи екипата под негово водство забележа само две победи.
Потоа работеше како технички директор на Монако, но тука помина само шест месеци откако клубот го напушти во јуни минатата година.

 

Најнови вести