Корисничко име Лозинка Пријави се
01.5.2017

Мурињо: „Ова не е хумано“

Жозе Мурињо, тренерот на Манчестер јунајтед, денес изјави дека не е задоволен со освоениот бод против Свонси, но дека нема што да им забележи на неговите фудбалери бидејќи одиграле премногу натпревари.

„Мислим дека бодот не е добар, но моите играчи дадоа сè што можат. Ако некој би сакал да го анализира натпреварот надвор од контекст, сигурно дека би можело да пронајде слабост во настапот, но, искрено, не можете да го правите тоа. Морате да анализирате во контекст, а тоа е дека нам ова ни е деветти натпревар во април. Тоа не е хумано“, изјави Мурињо за „Би-би-си по натпреварот.
Јунајтед на домашен терен одигра 1-1 со Свонси, кој се бори за опстанок, и со тоа ја пропушти шансата да избие на третото место на табелата.
„Уморни сме и исцрпени. Ова е тим со 22-ца играчи, а паднавме на 13-14. Момчињата даваат сè од себе и така ќе биде до крајот. Одиме со оваа гордост и со овој став, без оглед на тоа дали победуваме или губиме. А не губиме многу натпревари, тоа е реалност. Ќе видиме што ќе се случи до крајот. Играчите од мене нема да слушнат ниту еден критички збор“, изјави тренерот на Јунајтед.
Мурињо додаде и дека Пол Погба ќе биде подготвен за настап во полуфиналето на Лигата на Европа против Селта, како и тоа дека го радува враќањето на Мата, но дека го загрижува новата повреда на Лук Шоу.

Најнови вести