Корисничко име Лозинка Пријави се
13.2.2017

Раниери: Невозможно е да се продолжи вака

Клаудио Раниери, менаџерот на Лестер, изјави дека неговиот тим не смее да продолжи со лошите резултати ако сака да остане во Премиер лигата.

Актуелниот шампион доживеа нов пораз во домашното првенство, изгуби со 2-0 од Свонси, па сега се наоѓа само на еден бод од опасната зона.
Лестер нема постигнато ниту еден гол на последните шест натпревари, а Раниери изјави дека многу добро знае дека тој пост мора да се прекине за по историската титула, да не следува историско испаѓање од Лигата.
„Вчера сакав нов старт на сезоната, но се случи исто. Сè што се случи е неверојатно. Добро влеговме во натпреварот, но примивме два гола од нивните први два шута. Тешко е враќањето потоа. Имаме два проблема – што примаме голови и не ги постигнуваме. Мораме да разговараме за да пронајдеме решение. Невозможно е да продолжиме вака“, изјави Раниери.
Раниери пред натпреварот со Свонси доби поддршка од сопствениците на Лестер, а изјави дека иако признава дека Свонси покажал поголема волја за победа, исто така верува дека неговиот тим нема среќа.
„Машината не е расипана, но кога не играте на максимално ниво, тоа е тешка битка. Беа поодлучни од нас, тоа е вистина. Мораме да се држиме заедно. Добро работиме на тренинзите, но ни е потребно малку среќа за да добиеме самодоверба. Верувам дека можеме да направиме сè што е потребно. Ни треба само вистински момент за да направиме пресврт на ситуацијата“, додаде Раниери.

Најнови вести