Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2017

Ају во Свонси, Сако во Палас

Во последните часови на зимскиот преоден рок беше многу интересно на Островот, а вниманието го свртеа Џордан Ају, неодамнешниот напаѓач на Астон вила, и Мамаду Сако, дефанзивниот играч на Ливерпул.

Ају моментно со репрезентацијата на Гана игра во Купот на африканските нации, но потпиша за премиерлигашот од Велс, за кого минатата сезона играше неговиот брат Андре. Џордан постигна десет гола на 58 натпревари за Астон вила, а со Свонси потпиша договор на три години.
Кристал палас, кој е еден од ривалите на Свонси во борбата за опстанок, исто така доби вредно засилување. До крајот на сезоната го зеде на заем Мамаду Сако, дефанзивниот играч на Ливерпул. „Црвените“ добија два милиони фунти, а притоа лондонскиот клуб го презеде плаќањето на комплетните примања на играчот. Сако во 2013 година направи трансфер од ПСЖ во Ливерпул за сума од 18 милиони фунти, а тој е четврто зимско засилување на Кристал палас, бидејќи клубот во јануари го засилија Лука Миливојевиќ, Патрик ван Анхолт и Џефри Шлуп.

Најнови вести