21.12.2017 Свонси го отпушти Пол Клемент
Премиерлигашот Свонси го отпушти тренерот Пол Клемент по серијата лоши резултати.
Свонси во последните десет натпревари оствари само една победа и е последен на табелата на Премиер лигата само со 12 освоени бода.
Клемент на клупата на Свонси седна во јануари оваа година и клубот го одведе до 15-тото место и до опстанок во Премиер лигата.
Хју Џенкинс, претседателот на Свонси, изјави дека смената на тренерот е последната работа која сакала да ја направи управата на клубот, но додаде дека е потребна промена.
Покрај Клемент, клубот го напуштија и неговите помошници, Најџел Гибс и Карл Халаби.
Пол Клемент претходно работеше како помошник на Карло Анчелоти во Челзи, ПСЖ, Реал Мадрид и во Баерн од Минхен, а самостојно го водеше само Дерби каунти.