Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2016

Свонси го отпушти Бредли по 85 дена

Фудбалскиот клуб Свонси го отпушти тренерот Боб Бредли, кој беше само 85 дена на клупата на овој премиерлигаш.

Свонси со Бредли одигра 11 натпревари и забележа седум порази, последниот на свој терен од Вест хем со 4-1.
Екипата од Велс по 18 одиграни кола, се наоѓа во зоната на испаѓање, на 19-тото место со 12 бодови, колку што има и последниот Хал, а четири бода помалку од Кристал палас, кој е во безбедната зона.
Бредли на трети октомври го замени италијанскиот стручњак Франческо Гвидолин и со тоа стана прв американски тренер на клупата на некој англиски премиерлигаш.
Екипата привремено ќе ја водат членовите на стручниот штаб, Алан Картис и Пол Вилијамс, коишто ќе бидат на клупата на натпреварот против Борнмут на 31-ви декември, во 19-тото првенствено коло.

Најнови вести