Корисничко име Лозинка Пријави се
27.12.2017

Клоп воодушевен: Требаше да ги добиеме и Вест Бромич и Евертон

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека е исклучително среќен со резултатот на неговиот тим во победата над Свонси.

„Црвените“ убедливо ја добија екипата од Велс со резултат 5-0.
„Не беше очекуван ваквиот резултат, но играчите од првата секунда беа решени да прикажат одлична партија. Знаеме дека секогаш ќе имаме шанси, но мораме да ги користиме. Требаше да го победиме Вест Бромич албион овде, исто така и Евертон. Единствениот натпревар во којшто не бевме добри е оној против Тотенхем“, изјави германскиот стручњак.
Ливерпул по 20 одиграни кола има 38 бода и се наоѓа на четвртото место на табелата, а во наредното коло, на 30-ти декември, ќе го дочека Лестер.

Најнови вести