Корисничко име Лозинка Пријави се
14.6.2017

Свонси сака да го менува Гоми за Адебајор

Емануел Адебајор би можело да се врати во Премиер лигата доколку Свонси го убеди Бафетимби Гоми да го замени во Турција, пишуваат медиумите во Велс.

Адебајор во јануари му се приклучи на Башакшехир и му помогна сезоната да ја заврши на второто место на табелата, со што се избори за место во Лигата на шампионите.
Но, Адебајор никогаш не ја криеше желбата да се врати во Премиер лигата, а медиумите на Островот пишуваат дека Свонси е подготвен да му ја исполни таа желба.
Гоми сезоната ја помина на заем во Марсеј, за кого на 33 натпревари постигна 21 гол, па Пол Клемент сега сака да заработи на добрата сезона која ја имаше. Наводно, „лебедите“ се подготвени на Башакшехир да му понудат и 1,75 милиони фунти во замена за Адебајор.
Како камен на сопнување во неговата кариера Адебајор го доживува шестмесечното играње за Кристал палас во 2016 година.
„Единствена грешка која сум ја направил е што во јануари 2016 година потпишав за Кристал палас. Тоа го направив само да им угодам на пријателите коишто постојано ми зборуваа дека морам да играм повторно. Тоа беше најлошата одлука во мојата кариера“, изјави Адебајор.
Наскоро почнува преодниот рок, па останува да се види дали наводите на велшките медиуми ќе се претворат во стварност.

Најнови вести