Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2018

Жестока казна за Арда Туран поради напад на судијата

Турскиот фудбалер Арда Туран е казнет со суспензија на 16 натпревари поради напад, закани и навреди кон судијата на натпреварот од 32-рото коло на турската Суперлига.

Туран го турна помошниот судија Ердинч Сезертам бидејќи доби црвен картон на натпреварот со Сиваспор, а бесот го пренесе и на главниот арбитер Јашар Кемал Угурлу.
Инцидентот се случи во продолжението на времето, а во тој момент веќе беше исклучен Марсио Мосоро, па Башакшехир на Туран остана со деветмина играчи на теренот.
Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Турција вчера му ја изрече оваа казна на Туран, кога му наложи да плати и 9.200 долари поради однесувањето.
Натпреварот меѓу Башакшехир и Сиваспор заврши 1-1, а тимот на Туран моментно е трет на табелата, зад Галатасарај и Фенербахче.

Најнови вести