Корисничко име Лозинка Пријави се
21.9.2015

ФИФА ја одби Барселона за Туран, суспензијата останува

По тешката повреда на Рафиња Алкантара, Барселона целосно ја заврши документацијата за порано регистрирање на Арда Туран, но ФИФА ја блокира таа постапка.

Како што е познато, на тимот од Каталонија му е забрането да регистрира засилувања пред јануари поради малверзации при доведувањето малолетни играчи, но со повредата на Бразилецот, се отвори правна можност Турчинот или Алеиш Видал, дојденецот од Севилја, сепак да се регистрираат порано.
Младиот играч за врска го скина предниот вкрстен лигамент во ремито против Рома во Лигата на шампионите (1-1), па му следува повеќемесечна пауза.
Како што пренесе каталонскиот „Спорт“, според изјавата на правникот Тони Фреиш, актуелниот шампион на Европа поради тешката повреда на првотимецот, стекнал право на негово место да регистрира друг играч. Бидејќи на Барса официјално казната ѝ истече на први септември, челниците од „Камп ноу“ експресно испратиле барање до Шпанскиот фудбалски сојуз за регистрација на Туран.
Шпанскиот сојуз го одобрил барањето на Барселона, но набрзо се јавила Светската фудбалска федерација потсетувајќи ги двете страни дека Каталонците не можат да регистрираат нови играчи до јануари 2016 година.

Најнови вести