Корисничко име Лозинка Пријави се
04.11.2016

Барса има проблеми пред гостувањето во Севилја

Луис Енрике ќе има големи проблеми и на наредното гостување во Примера лигата, бидејќи Жерар Пике и Жорди Алба сигурно нема да бидат подготвени за овој дуел, додека Арда Туран заработи нова повреда.

Каталонскиот „Спорт“ потврди дека иако имало знаци дека ќе закрепне навреме за ова гостување, дефанзивниот тандем на Барселона нема да биде подготвен за „Санчес Писхуан“, туку дури по репрезентативната пауза која следува од наредната седмица, па сè до 19-ти ноември.
Арда Туран исто така ја заработи третата полесна повреда во последните 15 дена и е под знак прашалник за овој натпревар.
Покрај нив тројца, надвор од редовите е и капитенот Андрес Иниеста, кој нема да игра до декември, како и Жереми Матје, кој на располагање ќе биде во втората половина на ноември.
Тоа значи дека Луис Енрике во Севилја ќе ја изведе истата одбрана како против Сити, Роберто, Умтити, Маскерано, Дињ, а навивачите на Барселона се надеваат дека тоа подобро ќе изгледа отколку на „Етихад“.
Натпреварот меѓу Севилја и Барселона на програмата е во недела, од 20.45 часот.

Најнови вести