Корисничко име Лозинка Пријави се
05.1.2016

Барселона регистрираше 77 нови играчи

На Барселона од 1-ви јануари ѝ истече суспензијата од ФИФА за регистрирање на фудбалери, а во понеделникот во ФС Шпанија официјално регистрираше нови играчи.

Во центарот на вниманието се најдоа првенците Арда Туран и Алеиш Видал кои стигнаа ова лето, но покрај нив „Камп ноу“ стана дом и за уште 75 фудбалери!
Главно станува збор за млади играчи од најмладите категории до Б тимот, кој доведе петмина фудбалери. Барселона донесе играчи од сите делови на светот, но најмногу од локалните шпански клубови.
Што се однесува на главните засилувања, играчот за врска Туран во Барселона пристигна од Атлетико Мадрид за 34 милиони евра, а крилниот играч Видал од Севилја за 18 милиони.
Шансата за деби натпревар веројатно ќе ја добијат на утрешниот натпревар кога Барселона игра против градскиот ривал Еспањол во осминафиналето од Кралскиот куп.
Ова ќе биде втор каталонски дерби натпревар во рок од пет дена, во саботата двата тима ремизираа без голови на „Корнелја-Ел Прат“ во Примера, а сега ќе се сретнат на „Камп ноу“.

Најнови вести