07.7.2015 Арда Туран официјално во Барселона
Tурскиот репрезентативец и досегашен фудбалер на Атлетико Мадрид, е ново засилување на Барселона.
Шпанскиот и европски шампион потврди дека со Туран е потпишан петгодишен договор вреден 34 милиони евра, со можност поради бонусите таа сума да се зголеми за уште седум милиони евра.
Поради забраната за доведување нови играчи, дваесет и осумгодишниот офанзивен играч од средината на теренот во дресот на Барселона ќе дебитира дури во јануари следната година.
Турчинот боите на Атлетико ги бранеше од 2011 година и за мадриѓаните одигра 178 натпревари и постигна 22 гола, освојувајќи ја Лигата на Европа 2012, Кралскиот куп и шампионската титула на Шпанија во 2014 година.
За националната репрезентација на Турција Туран одигра 81 натпревар и постигна 14 погодоци.