Корисничко име Лозинка Пријави се
22.1.2018

Робињо потпиша за Сиваспор

Бразилецот Робињо, кој своевремено беше еден од најталентираните фудбалери на светот, кариерата ќе ја продолжи во Сиваспор, потврди турскиот клуб.

Некогашниот напаѓач на Реал Мадрид беше без клуб од почетокот на оваа година, откако го раскина договорот со бразилскиот Атлетико Минеиро.
Робињо, кој има сто настапи за бразилската репрезентација, кариерата ја почна во Сантос, од каде што летото 2005 година направи трансфер во Реал, но во Мадрид само на моментни го покажуваше неговиот голем потенцијал.
По Реал Мадрид, играше за Манчестер сити, Милан, Гвангжу Евергранде и Атлетико Минеиро, додека сезоната 2014/15 ја помина на заем во Сантос.
Робињо во 2005 година беше прогласен за најдобар млад фудбалер на светот.

Најнови вести