Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2015

Караско: Не дојдов за да го заменам Туран

Белгискиот играч за врска Јаник Караско на претставувањето во Атлетико Мадрид изјави дека не се чувствува како замена за Арда Туран.

Караско минатата недела направи трансфер од Монако во Атлетико, веднаш откако Туран отиде во Барселона.
Но, Белгиецот не сака луѓето да го споредуваат со одличниот Турчин.
„Не дојдов во Атлетико за да го заменам Туран. Јас сум брз играч кој сака да игра на крило. По играњето во Монако, сакав да направам чекор напред во кариерата. Атлетико е еден од трите најдобри клубови во Шпанија, а и во Лигата на шампионите стигна далеку“, изјави Караско.
„Сакаме да останеме во топ 3 и да се обидеме повторно да ја освоиме лигата. Лесно ја донесов одлуката за доаѓање во Атлетико. Играњето во Шпанија за мене е остварување на соништата“, изјави младиот Белгиец.

Најнови вести