Корисничко име Лозинка Пријави се
20.4.2016

Барселона без Пике, се враќаат Туран и Рафиња

Во тимот на Барселона се враќаат играчите за врска Арда Туран и Рафиња, а централниот одбранбен фудбалер Пике нема да игра поради суспензија.

Овие двајца играчи не настапуваа на натпреварот кога Барселона доживеа пораз од Валенсија, Турчинот поради суспензија, а Бразилецот поради повреда.
Барселона денес ја очекува многу важен натпревар со Депортиво во трката за титулата во Примера.
Пред само 3 кола, каталонскиот клуб имаше 9 бодови предност во однос на Атлетико, односно 10 во однос на Реал.
Меѓутоа, клубот на Луис Енрике е во голем пад на формата што великаните од Мадрид го искористија на најдобар можен начин. Додека Барселона забележа три врзани порази, клубовите од Мадрид ги нижеа победите и сега му се зад петите на актуелниот шампион.
Атлетико има ист број на бодови како и прво пласираната Барселона, но поради лошите меѓусебни односи се наоѓа на второто место.
Реал, од друга страна пак, само со еден бод заостанува зад нив, па трката за титулата одеднаш е повторно отворена во финишот на сезоната.
На натпреварот со Депортиво нема да настапи Жерар Пике кој е суспендиран поради 10-тиот жолт картон кој го доби минатиот викенд, а нема да биде ниту Видал.

Најнови вести