01.9.2018 На Пике му се заканува затвор од шест месеци
Дефанзивецот на Барселона не е баш некој примерен возач
Една од ѕвездите на Барселона, Жерар Пике може да заврши шест месеци во затвор и тоа поради управување на автомобил, без да има контролен лист со себе. Според шпанските медиуми, Пике бил сопрен од полицијата додека возел автомобил, а кога му било побарано да го покаже контролниот лист, фудбалерот рекол дека го нема со себе.
Контролен лист треба да поседува секој возач во Шпанија, а доколку на тој лист бидат ставени 12 точки поради разни прекршоци, тогаш на возачот му се одземува контролниот лист и ќе мора повторно да полага за возачка.
Најтешката казна која може еден возач да ја добие бидејќи немал со себе контролен лист е шест месеци затвор. Сепак, се очекува Пике да помине само со парична казна и тоа од 6.000 евра. Дефанзивецот на Барселона веќе не се вози со автомобилот, бидејќи не смее. Негово ново превозно средство сега е електричниот велосипед.