Корисничко име Лозинка Пријави се
02.1.2016

Енрике: Формата на Суарес не е изненадување

Тренерот на Барселона Луис Енрике не е изненаден од формата во кој се наоѓа Луис Суарес во претходните месеци.

Фантастичниот Уругваец е првиот стрелец во Примера со 15 постигнати голови на исто толку натпревари, а во сите натпреварувања веќе постигна 26 голови на 25 дуели.
„Не сум изненаден со бројот на головите кој Суарес ги постигнува. Тој цел живот е стрелец и ќе продолжи да постигнува голови“, изјави тренерот на каталонците.
Барселона нема да може да смета на новите засилувања на Алеиш Видал и Арда Туран против Еспањол, но тие двајца би можеле да заиграат во среда во Кралскиот куп.
„Игрите на Видал и Туран ќе покажат колку можат да се прилагодат на тимот, но среќен сум што наскоро ќе дебитираат, долго го чекаат тоа“, додаде Енрике.

Најнови вести