Корисничко име Лозинка Пријави се
15.6.2017

Валбуена во Фенербахче, Елија во Башакшехир

Истанбулските клубови Башакшехир и Фенербахче доведоа две сериозни засилувања во редот за врска за следната сезона.

Вицешампионот Башакшехир, кој ќе игра квалификации за Лигата на шампионите, го доведе 30-годишниот Холанѓанец Елјеро Елија од Феенорд.
Фенербахче на две години потпиша со 32-годишниот Французин Матје Валбуена, за кого на Олимпик Лион му плати 1,5 милиони евра.
Елија, поранешниот играч на Твенте, Хамбургер, Јувентус, Саутхемптон и Вердер, потпиша тригодишен договор вреден 1,2 милиони евра по сезона.
Холанѓанецот постигна десет голови и девет асистенции за Феенорд минатата сезона, во која тимот од Ротердам ја освои првата титула во Ередевизие по речиси 20 години.
Валбуена во француската Лига 1 исто така постигна десет голови и забележа десет асистенции, а во текот на кариерата играше уште за Олимпик Марсеј и московскиот Динамо.
Башакшехир беше втор минатата сезона со четири бода помалку од шампионот Бешикташ, а со девет повеќе од Фенербахче и Галатасарај, кои ќе играат во Лигата на Европа.

Најнови вести