Корисничко име Лозинка Пријави се
31.1.2017

Адебајор потпиша за Башакшехир

Искусниот напаѓач Емануел Адебајор по шест месеци без клуб, конечно пронајде работа.

Тогоанскиот репрезентативец се договорил со Башакшехир од Истанбул, моментно второпласираната екипа во турското првенство.
Како што пренесуваат турските медиуми, 32-годишниот офанзивен играч потпишал договор на година и пол. Адебајор минатиот јануари стана член на Кристал палас, каде што се задржа само десет месеци. Потоа, под бизарен сплет на околности, му пропадна трансферот во Лион, се шпекулираше дека во текот на разговорот со управата на францускиот клуб тој се однесувал дрско, барајќи виски и цигари.
Адебајор оттогаш не беше под лупа на медиумите сè до Купот на африканските нации, кој моментно се одржува во Габон. Того го заврши натпреварувањето во групната фаза со едно реми и два порази, а Адебајор играше на сите натпревари, но без постигнат гол.
Некогашниот одличен напаѓач на Арсенал и на Тотенхем во кариерата играше уште за: Мец, Монако, Манчестер сити, Реал Мадрид и Кристал палас.

 

Најнови вести