26.11.2011 Тотенхем без Ван дер Варт и Дефо против Вест Бромич?
Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап, изјави дека на гостувањето кај Вест Бромич може да биде без услугите на Рафаел Ван дер Варт и Џермејн Дефо.
Реднап откри дека Холанѓанецот повторно има проблеми со повредата на задната ложа, а Дефо поради болки во препоните го напушти тренингот на „спарси“.
„Рафаел има проблеми со задната ложа цела сезона. Се мачи со тоа. Џермејн има проблем со препоните и мораше да го напушти тренингот. Останавме со Пављученко и Адебајор. И Русинот има проблеми со грбот, но го одработи целиот тренинг и изгледа добро“, изјави Реднап.
Покрај споменатите двајца кои се под знак прашалник, за Тотенхем во сабота сигурно нема да настапат Том Хадлстон, Мајкл Досон, Дени Роуз и Нико Крањчар.