Корисничко име Лозинка Пријави се
06.5.2014

Адебајор: Нека остане Шервуд

Емануел Адебајор, фудбалерот на Тотенхем, изјави дека се надева дека Тим Шервуд ќе остане менаџер на тимот од „Вајт харт лејн“, иако веќе подолго време се шпекулира за негово заминување.

„Се надевам дека Шервуд ќе остане, но јас не сум претседател на клубот, така што не можам да кажам ништо повеќе за тоа. Ќе видиме што ќе се случи во иднина. За мене е прекрасен човек и одличен тренер, кој секому му укажува почитување“, изјави Адебајор за британските медиуми.
Адебајор продолжи со пофални зборови за Шервуд изјавувајќи дека тој засекогаш ќе му остане во срцето како голем пријател.
„Без оглед на тоа каде ќе замине, тој засекогаш ќе остане во моето срце. Кон него како менаџер, пријател, поранешен фудбалер, чувствувам огромно почитување. Тој, едноставно, знае што треба за да се стане фудбалер“, додаде играчот на Тотенхем.
Изминатите седмици во медиумите се шпекулираше за заминување на Шервуд од Тотенхем, а како можна замена се споменува Франк де Бур, тренерот на Ајакс.

Најнови вести