03.4.2013 Дефо поради повреда пропушта два до три натпревари
Напаѓачот на Тотенхем, Џермејн Дефо, поради повреда на мускулот ќе пропушти два до три натпревари, соопшти менаџерот на „спарси“, Андре Вилаш-Боаш.
Англискиот репрезентативец ќе отсуствува од првиот четврт-финален дуел од Лигата на Европа против Базел на „Вајт харт лејн“ утре и од неделниот натпревар против Евертон, а би можело да го пропушти и реваншот против Швајцарците следниот четврток.
„Џермејн сигурно нема да игра на следните два натпревари, а можеби нема да игра ни на реваншот против Базел. Доколку го пропушти тој натпревар, би требало да биде подготвен за средбата против Манчестер сити“, соопшти португалскиот менаџер.
Ова е голем удар за Тотенхем, кој покрај Дефо, го има само Емануел Адебајор како реномиран напаѓач.