Корисничко име Лозинка Пријави се
11.11.2011

Адебајор по две години ќе игра за Того

Напаѓачот на Тотенхем, Емануел Адебајор, реши неполни две години откако се откажа, повторно да заигра за репрезентацијата на Того.

Три месеци по терористичкиот напад на автобусот на тогоанската репрезентација во 2010 пред Африканскиот куп на нации, во кој загинаа три лица, а девет беа ранети, Адебајор изјави дека веќе нема да настапува за националната селекција.
„Емануел Адебајор ја потврди својата желба да се врати во репрезентацијата на Того која активно се подготвува за Купот на африканските нации 2013 и Светското првенство 2014 година. Тој е посветен на стартот на квалификацискиот циклус заедно со останатите репрезентативци“, стои во соопштението на Фудбалската федерација на Того.
Делегација на тогоанскиот сојуз се сретна со Адебајор во Лондон за да ги договорат условите за неговото враќање во националниот тим. Меѓу другото, неговите услови биле задоволување на безбедноста, како и трошоците за патување за репрезентативците надвор од Того.

Најнови вести