Корисничко име Лозинка Пријави се
26.8.2011

Адебајор се врати во Англија

Напаѓачот на Того, Емануел Адебајор и официјално е ново засилување за Тотенхем, потврди лондонскиот клуб на својата интернет страница.

„Одушевени сме што можеме да потврдиме дека Емануел Адебајор дојде како позајмен фудбалер од Манчестер сити на една година“, се вели во соопштението на клубот.
Адебајор летото 2009 година премина од Арсенал во Манчестер сити во 25 милиони фунти вреден трансфер, но не се наигра во дресот на „граѓаните“. Втората половина од минатата сезона ја мина во Реал Мадрид кој одби да го откупи неговиот договор, па тој се врати во Премиер лигата, и тоа во „спарси“ на радост на менаџерот Хари Реднап кој верува дека 27-годишниот Тогоанец ќе биде дополнителна опасност во нападот на Тотенхем.

Најнови вести