Корисничко име Лозинка Пријави се
24.8.2011

Тотенхем го купува Адебајор

Според пишувањата на медиумите од Островот, синоќа во доцните часови Тотенхем и Манчестер сити се договорија околу трансферот на тогоанскиот репрезентативен напаѓач Емануел Адебајор.

Се наведува дека Адебајор во редовите на Тотенхем ќе дојде на заем до крајот на сезонава, а дека потпис ќе стави денеска откако ќе ги мине лекарските прегледи.

Вториот дел од минатата сезона тој го мина во Реал Мадрид, кој одби да го откупи неговиот договор. И самиот Адебајор изјави дека нема намера да се врати меѓу „граѓаните“, а во Манчестер сити без проблем се откажаа од неговите услуги, бидејќи менаџерот Роберто Манчини има широк избор на напаѓачи - Серхио Агеро, Един Џеко, Карлос Тевес и Марио Балотели.

Најголемата препрека за негово доаѓање во Тотенхем беше неговата месечна плата, а на крајот е постигнат успешен договор во кој „спарси“ ќе му ја плаќаат таа сума од 170.000 фунти.

Интересно е тоа што уште овој викенд овие два тима ќе се сретнат меѓу себе, но дваесет и седумгодишниот фудбалер нема да има право на настап.

Најнови вести