Корисничко име Лозинка Пријави се
16.6.2011

Мурињо го сака Џеко

Според пишувањата на англиските медиуми, тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, ќе се обиде да го доведе босанскиот репрезентативец Един Џеко во летниот преоден рок.

Иако Џеко во јануари пристигна во редовите на Манчестер сити од Волфсбург за сума од 27 милиони фунти, оттогаш не успеа да импресионира со своите игри и постигна само два премиерлигашки гола.

Актуелниот договор на напаѓачот може да се откупи со истата сума којашто „граѓаните“ ја платија за овој фудбалер.

Интересно е тоа што судбината на напаѓачите на Манчестер сити за следната сезона е крајно неизвесна. Аргентинецот Карлос Тевес не ја крие својата желба да се врати во татковината, но остава и отворена врата за трансфер во некој од најголемите светски клубови, додека, пак, на Тогоанецот Емануел Адебајор му истече шестмесечниот заем во Реал Мадрид но дефинитивно нема намера да се врати во клубот од Истландс.

Најнови вести