Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2016

Адебајор во Кристал палас до крајот на сезоната

Фудбалскиот репрезентативец на Того Емануел Адебајор потпиша договор со Кристал палас до крајот на сезоната, пренесуваат британските медиуми.

Овој 31-годишен напаѓач во септември го раскина договорот со Тотенхем, за кој настапуваше минатата сезона. Последниот натпревар Адебајор го одигра во мај.
Во Кристал палас пристигна како слободен играч, а за него беа заинтересирани Астон вила и Ватфорд, меѓутоа репрезентативецот на Того се одлучи за Кристал палас.
Кристал палас во моментов во Премиер лигата го зазема 11-тото место со 31 бод, а на последните шест натпревари тимот на Алан Пардју не постигна гол.
Адебајор во текот на кариерата покрај Тотенхем настапуваше за Мец, Монако, Арсенал, Манчестер сити, Реал Мадрид.
Тој по раскинувањето на договорот со „петлите “ неделно заработуваше 140.000 евра.

Најнови вести