Корисничко име Лозинка Пријави се
11.2.2013

Тотенхем го казни Адебајор со 160 илјади фунти поради доцнење

Англискиот фудбалски клуб Тотенхем го казни својот тогоански напаѓач Емануел Адебајор со две седмични плати поради доцнење во враќањето од Африканскиот куп на нациите.

Адебајор во Лондон требаше да се врати најдоцна до 15 часот во петокот, но тоа, дури по интервенција на Тотенхем, го направи три часа подоцна. Того од африканското првенство во Јужноафриканската Република испадна уште минатата недела, а Адебајор не беше во состојба пет дена да го организира летот за Англија.
„Моравме да испратиме приватен авион по него, бидејќи неговото враќање минатата недела беше под знак прашалник“, откри Андре Вилаш-Боаш, менаџерот на Тотенхем.
Тотенхем, кој за Адебајор плаќа 80 илјади фунти седмично, го казни Тогоанецот со 160 илјади. Црномурниот напаѓач, и покрај тоа, влезе во игра од клупата во саботниот натпревар од 26-тото коло на Премиер лигата против Њукасл (победа 2-1).

Најнови вести