30.6.2011 Манчестер сити сè уште заинтересиран за Бејнс
Манчестер сити не се предава од трката во своите редови да го доведе левиот бек на Евертон, Лејтон Бејнс.
Како што пишуваат англиските медиуми, не се отпишува ниту можна трампа на
релација „Истландс“ – „Гудисон парк“, а во спротивен правец би заминал Емануел
Адебајор.
Исто така, се шпекулира дека на Евертон му е понуден и пакет во кој се
вклучени Шон Рајт-Филипс и Крег Белами, но, сепак, на „карамелите“ повеќе им се
допаѓа опцијата Адебајор.
Дваесет и петгодишниот Бејнс веќе три години игра во извонредна форма и
сега успеа да дотурка и до репрезентативен дрес.