Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2011

Адебајор блиску до Тотенхем

Емануел Адебајор е многу блиску да ги засили редовите на Тотенхем.

Менаџерот на „спарси“, Хари Реднап, ја потврди оваа вест и рече дека останува само да се договорат околу платата на фудбалерот. Едно е сигурно, Адебајор повеќе нема да игра за Манчестер сити.

Неговата плата од 170.000 фунти неделно сигурно ќе биде помала во Тотенхем, но таму сигурно ќе игра. Жозе Мурињо се обиде да го врати во Реал Мадрид, но тој трансфер нема да се оствари.

Тука стои и прашањето како ќе биде прифатен од навивачите на Тотенхем, ако се знае дека долго време настапуваше за нивниот најголем ривал Арсенал. Адебајор пред Манчестер сити играше и за Монако и Арсенал.

Најнови вести