Корисничко име Лозинка Пријави се
20.7.2011

Реднап: Заинтересирани сме за Адебајор

Менаџерот на Тотенхем, Хари Реднап, му фрли око на тогоанскиот напаѓач Емануел Адебајор, откако во досегашниот дел од подготовките не успеаја да го импресионираат неговите тројца играчи – Крауч, Дефо и Пављученко.

„Разговарав со претседателот дали постои можност да го земеме на заем Адебајор, но искрено не сум сигурен дали ќе прифати Реал. Ако има можност да го донесеме, ние би биле многу заинтересирани“, рече Реднап.
Тотенхем повторно не успеа да забележи победа на подготвителниот натпревар овој пат против Орландо пајратс. Натпреварот заврши 1-1, а погодок за Тотенхем постигна Холанѓанецот Рафаел ван дер Варт од слободен удар, додека напаѓачите повторно беа стерилни.

Најнови вести