Корисничко име Лозинка Пријави се
29.9.2011

Реднап без најдобите против Шемрок

Хари Реднап, менаџерот на Тотенхем, одлучи, исто како и на првиот натпревар од групата А во Лигата на Европа против грчкиот ПАОК, да ги одмори своите најдобри фудбалери за мечот против Шемрок, па подготвен да го дочека Арсенал во недела.

„Во првото коло ги одмарав клучните играчи и тоа ни се исплати против Ливерпул. Летавме по теренот. Играчи како што се Герет Бејл и Емануел Адебајор нема да играат бидејќи не можам да си дозволам да ги загубам за дуелот со ’топчиите’. Имаме доволно голем играчки кадар и сакам да го искористам. Ова е шанса за играчите коишто не ми се во прв план да се докажат и да изборат место во првиот тим“, рече Реднап.

Повратници во тимот би можеле да бидат Арон Ленон и Стивен Пиенар.

Најнови вести