Корисничко име Лозинка Пријави се
10.11.2014

Адебајор: Немаме самодоверба поради навивачите

Емануел Адебајор, фудбалерот на Тотенхем, изјави дека лошата атмосфера на трибините на стадионот „Вајт харт лејн“ во целост ја нарушила самодовербата на играчите.

Тој изјави дека играчите на Тотенхем повеќе сакаат да играат натпревари во гости – далеку од дома.
Тотенхем вчера на „Вајт харт лејн“ изгуби со 1-2 од Стоук, што е негов четврт пораз на домашен терен од почетокот на сезоната. Овој пораз предизвика жестока реакција кај навивачите на „петлите“.
По натпреварот Адебајор изјави:
„Ова е како да минуваш низ тажни моменти во животот и твоето семејство не те сака дома“.
Тој додаде дека никој од играчите на Тотенхем коишто беа на теренот на натпреварот со Стоук не сакале да бидат во контакт со топката поради лошата атмосфера на трибините.
Тотенхем по 11 натпревари во Премиер лигата се наоѓа на 12-тото место со 11 бодови.

Најнови вести