Корисничко име Лозинка Пријави се
22.6.2011

Јаја Туре заработува најмногу од африканските фудбалери

„Форбс“ објави листа на осум африкански фудбалери со највисоки лични приходи. Таа листа ја предводи фудбалерот на Манчестер сити Јаја Туре, кој потекнува од Брегот на Слоновата Коска.

Според процените, неговата годишна заработка е 13,3 милиони долари. Неговиот брат Коло Туре, исто така од Манчестер сити, кој моментно е суспендиран поради позитивниот наод од допинг-тестот, се наоѓа на четвртото место со заработка од 10,3 милиони долари.

Помеѓу двајцата браќа се наоѓаат: Камерунецот Самуел Ето од Интер и Тогоанецот Емануел Адебајор, напаѓачот на Манчестер сити кој вториот дел од минатата сезона го одигра на заем во Реал Мадрид. Двајцата годишно заработуваат по 12 милиони долари.

Триесет и тригодишниот напаѓач на Севилја, Малиецот Фредерик Кануте се наоѓа на петтото место со 8 милиони долари годишна заработка, додека Дидие Дрогба, напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска кој игра во Челзи, е на шестото место со заработени 6,6 милиони долари. Листата со осумтемина објавени ја завршуваат двајцата негови соиграчи од Челзи, Нигериецот Џон Оби Микел (5,8 милиони долари) и Ганецот Микаел Есиен (5,5 милиони долари).

Најнови вести