Корисничко име Лозинка Пријави се
08.1.2013

Адебајор сепак ќе игра на Африканскиот куп на нациите

Емануел Адебајор, напаѓачот на Тотенхем, сепак се одлучи да ѝ се приклучи на фудбалската репрезентација на Того на подготовките во Гана пред Африканскиот куп на нациите, кој почнува кон крајот на овој месец.

„Нема да го ризикувам животот заради играње во репрезентацијата. Моето откажување нема врска со ништо друго освен само со тоа. Се чувствувам лошо и несигурно во репрезентацијата“, пред две години изјави играчот кој се наоѓаше во автобусот што беше мета на вооружен напад во Ангола. Тогаш загинаа три лица, членови на стручниот штаб на Того.
Одлуката дека Тогоанецот ќе настапи за репрезентацијата ја објави претседателот на тамошниот фудбалски сојуз, Амеј Габриел.
„Секако дека Адебајор ќе настапи за Африканскиот куп на нациите. Важно е што сепак се одлучи за настап, бидејќи тој е клучен човек на репрезентацијата, а воедно и капитен“, рече Габриел.
Поради ваквата одлука, Адебајор би можело да пропушти до четири натпревари за Тотенхем, доколку Того дотурка сè до финалето. Того игра во групата Д на турнирот заедно со Брегот на Слоновата Коска, Тунис и Алжир.

Најнови вести