12.5.2011 Адебајор не сака да се врати во Манчестер сити
Напаѓачот од Того, Емануел Адебајор, кој е на заем во Реал Мадрид од Манчестер сити, за англиските медиуми изјави дека не би сакал да се врати во Манчестер по завршувањето на сезоната.
Црномурниот напаѓач, исто така, наведе дека во Сити
немал баш најдобра комуникација со италијанскиот стратег Роберто Манчини.
„Постои огромна разлика меѓу Манчини и Мурињо. Жозе има силна личност и
нема проблем да разговара со кого било. Кај „граѓаните“ беше како да не
постојам. Манчини никогаш не разговараше со мене, само ме критикуваше. Луѓето
почнаа да ме забораваат“, изјави дваесет и седумгодишниот Адебајор.