Корисничко име Лозинка Пријави се
20.9.2012

И Адебајор ќе го пропушти натпреварот против Лацио

Денес, на „Вајт харт лејн“, во натпреварот од првото коло на групата Ј на Лигата на Европа, доаѓаат фудбалерите на Лацио од Рим, кои сезоната во Серија А ја отворија со три победи во три натпревари.

Тотенхем на стартот на Премиер лигата не почна многу добро, а пред оваа средба со Лацио има и проблеми со повредени играчи. Најнова вест е дека тренерот Андре Вилаш-Боаш нема да може да смета на Емануел Адебајор, кој има проблеми со бутниот мускул.
Адебајор само се приклучи на списокот со повредени играчи, кој не е мал. За оваа средба нема да конкурираат ниту Скот Паркер, Еурелјо Гомес, Џејк Ливермор, Јунес Кабул и Беноа Асу-Екото.
Вилаш-Боаш, пак, најави дека на голот ќе го постави Французинот Уго Љорис, што за него ова ќе биде премиера за екипата по доаѓањето во Лондон од Лион.

Најнови вести