15.2.2017 Марсеј шест седмици без Гоми
Олимпик од Марсеј ќе биде најмалку шест седмици без Бафетимби Гоми бидејќи напаѓачот го повреди коленото.
Тоа се лоши вести, а добрите се дека можело да биде и полошо, дека можел да ги скине лигаментите. Марсеј изгуби од Нант со 3-2, а Гоми ги постигна двата гола пред да мора да излезе од игра.
„Резултатите ја потврдија првобитната дијагноза, а тоа е дека има истегнати лигаменти на коленото. Тоа значи дека нема да биде на располагање најмалку шест седмици“, пишува во официјалното соопштение на клубот на „Твитер“.
Гоми со 16 постигнати голови е четврти на листата на стрелците во француската Лига 1.