Корисничко име Лозинка Пријави се
27.4.2018

Лига на Европа: Арсенал испушти победа со играч повеќе, еуфорија во Марсеј

Арсенал и Атлетико Мадрид ремизираа во Лондон 1-1 (0-0), додека Олимпик во Марсеј го порази Салцбург со 2-0 (1-0) во првите натпревари од полуфиналето на Лигата на Европа.

„Топчиите“ и тоа како ќе имаат за што да жалат - уште во десеттата минута играа со играч повеќе, а пропуштија и неколку одлични шанси.
Јан Облак, голманот на „јорганџиите“ имаше фантастичната партија, а Антоан Гриезман во 82-рата минута погоди за конечни 1-1.
Претходно, Лаказет во 61-вата минута конечно успеа да ја пробие одбраната на гостите, по центаршутот на Џек Вилшер, но тоа не беше доволно Арсен Венгер со победа да се збогува од „Емирати“ во неговиот последен европски натпревар на домашен терен.
Од друга страна, некогашниот шампион на Европа во фантастична атмосфера на преполниот „Велодром“ успеа да стигне до убава предност пред реваншот во Австрија.
Францускиот претставник поведе во 15-тата минута со погодокот на Флоријан Товен, а резервниот играч Клинтон Н’Жие само по стотина секунди откако влезе во игра, уште еднаш ја затресе мрежата на австрискиот шампион и го доведе Марсеј до големото финале.
Реванш-натпреварите во програмата се за седум дена, а големото финале се игра на стадионот во Лион на 16-ти мај.

Најнови вести